Екс вардарка спремна за нов меч

Одморот за поранешната ракометарка на Вардар, Бегоња Фернандез се ближи кон крајот. Весникот Лавоз де Галиција објави дека Фернандез во следните денови треба да се пријави за сосема нов тип на натпревар. 
Таа работи како медицинска сестра во болница во Виго, но досега беше на породолно отсуство. 

Фернандез откако oдигра три сезони во Вардар (2012-2015) реши да ја заврши кариерата и да се посвети на семејството. Сега има две деца, но продилното отсуство завршува и таа се враќа назад во болницата. И тоа во најлош можен период, кога Шпанија е број два во светот по лоши резултати од корна пандемија.

„Чувството е како да чекаш нов меч од Лигата на шампионите да почне“, изјави Фернандез за својата идна професија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk