Крај на сезоната за Јоновски и Филип Лазаров

Германија одлучи да чека до 16 мај за да прогласи крај или да означи продолжување на сезоната во Првата и Втората Бундес лига. 

Но, таа одлука, слично како и во Франција, не важи за клубовите од пониските рангови кои вчера добија известување дека сезоната се прекинува. 

Во пониските рангови е и екипата на Ратинген за која игра Филип Лазаров, а од клупата и во одбранта ги води Аце Јоновски. 
Нивната сезона е завршена, нема испаѓање од лигата, за промоција во повисок ранг допрва ќе се одлучува. За Ратинген тоа не менува ништо, тие сеедно остануваат и следната година во истиот ранг на натпреварување, но со зголемени амбиции со оглед на тоа дека во тимот им пристгнува и Роберт Маркотиќ, хрватскиот десен бек. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk