Нов договор за помалиот Лемке

Германските ракометари од понова генерација, Давид Винцек и Јари Лемке носат сличен товар на својот грб. Двајцата се помладите браќа на славните германски дефанзивци Патрик Винцек и Фин Лемке. 

Помладиот Винцек нема голема кариера и ракометните денови ги минува како плејмејкер на Аленер, додека помладиот Лемке е во посилен клуб и денеска доби нов договор со Лемго. 

Јари Лемке е четири години помлад, седум сантиметри понизок („само“ 203 см) и пет коилограми полесен („само“ 110 кг) од својот славен брат. 
Во 2018 година како 21 годишен талент потпиша за Лемго, но имаше пех веднаш да се повреди (скинати лигаменти). Потоа следеше уште еден голем пех, на две недели до планираното враќање на терен, одново скина лигаменти. 
За малерот да биде комплетен, требаше на терен да се врати на средината на март. И само што доби зелено светло, се случи корона пандемијата. 

Но, Лемго е убеден дека овој лев бек е играч што не смеат да го загубат и денеска потпишаа нов договор со него. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk