Микел Хансен: Имало и полошо од ЕП 2020

Во време кога со светот владее коронавирус, не останува многу освен да се евоцираат спомени и да се прелистуваат страниците од веќе испишаната историја. 

Микел Хансен, еден од најдобрите играчи во ракометната историја, за данската ТВ2 зборуваше на повеќе теми, а насловот го освои со изјавата дека ЕП 2020 не било најлошото. 

„На ЕП 2020 бевме доволно лоши за првенството да го завршиме по само три натпревари. Тоа е најлошиот резултат, но не е најлошото чувство. Сега бевме лоши и заслуживме, но полошо беше кога губевме, а бевме блиску за да направиме голем резултат. ЕП 2016 и ЕП 2018 беа полошите“, изјави Микел Хансен. 

На ЕП 2016 што се одржа во Полска, Германија ја совлада Данска и со тоа ги елиминираше од трката за полуфиналето. На ЕП 2018 во Хрватска, во полуфиналето во драматичен меч во Вараждин, Данска беше поразена од Шведска и не стигна до посакуваното финале со Шпанија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk