Лакрабер го продава дресот на Вардар на аукција

Францускиот голман Сирил Домулан почна хуманитарна акција во Франција со цел да се соберат средства што потоа ќе бидат донирани во соодветните институции за борба со коронавирус. 

Онлајн купувачите можат да лицитираат за повеќе реквизити и дресови, а меѓу нив денеска најголемата вредност ја имаше дресот на Вардар на француската репрезентативка Александра Лакрабер. 
Тој имаше цена од 420 евра, што веројатно ќе порасне. 

Дресот на Немања Илиќ од Барса имаше цена од 320 евра, додека дресот што го носеше Флоријан Делакроа  во Сесон Рен достигна цена од 200 евра. Во понудата има и други дресови и разни додатоци со помали цени. 

За неколку дена беа собрани над 8.000 евра, а целата акција полека зема замав и може да се очекуваат уште ретки реквизити и дресови да се најдат на продажба. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk