Вардар со Криштопанс против ПИК Сегед!

Доколку европската сезона продолжи и во 1/4 финалето на Лигата на шампионите планирано во јуни Вардар и ПИК Сегед се сретнат на терен, македонскиот и актуелен европски шампион во своите редови би можел одново да го има Даинис Криштопанс.

Летонскиот џин замина од Вардар и се пресели во Бундес лигата, во екипата на Берлин, но таму немаше право да настапи во ЕХФ Куп, токму поради настапите за Вардар во ЛШ. 

Бундес лигата е во прекин, а Криштопанс во јуни се сели во ПСЖ. Но, токму тој трансфер, а и целиот хаос што настана со коронавирус и одлуката на ЕХФ Фајнал Фор да се игра во август, кога на пример Сагосен кој сега игра за ПСЖ, а во август би играл за Кил, доведе до компромисна ситуација и другите клубови да можат да го искористат тоа право, односно Вардар во случајов да може да го врати Криштопанс, а и Атман доколку смета на услугите на Русинот. 

Пречка би можел да биде Берлин, но откако дојде Летонецот таму нивните резултати не се подобрија, напротив, веќе ги загубија шансите за ЛШ, па и тие сакаат да избегнат плаќање на две плати за скапиот играч. 

Единствената маана на овој трансфер е тоа што е премногу добар за да биде вистина, посебно денеска. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk