Душебаев: Да се игра „Ф8“ во Келн

ЕХФ подготви стратегија со која сака да ја заврши сезоната по секоја цена, дали во јуни или во септември. На многу екипи тоа не им се допаѓа. Јасно е дека нема да им се допадна, посебно на тие што службено би биле елиминирани ако не се игра.
Вардар е еден од тие што прв ќе биде елиминиран, ако до 15 мај не се направар услови за тренинг и играње. 

Келце е еден од тие што ќе бидат елиминирани ако до 5 јуни нема услови за игра.Талант Душебаев го знае тоа и затоа во последното интервју излезе со поинаков предлог. 

„Да се игра Фајнал Фор во август е апсурд, може да се игра на средната на јули, по завршувањто на баражите. И нема потреба да се игра Ф4. Зошто да не се игра Ф8. Да дојдеме сите осум екипи на едно место и за пет дена да го завршиме турнирот“, изјави Душебаев.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk