Штербик: Можеби го одиграв последниот меч!

Коронавирус ја продолжи кариерата на некои играчи како Лик Абало и можеби Раул Ентрериос кои и натаму сонуваат да ги завршат кариерите по Олимписките Игри. 
За други, пак, коронавирус е чекор кон крајот. 

Еден од нив е легендарниот чувар на мрежата Арпад Штербик. 

„Ако работите се развиаат така како што мислам дека ќе се развиваат, тогаш мечот со Татабања на почетокот на март ќе излезе дека е мојот проштален натпревар. 
Жал ми е, жал ми е за Фајнал Фор, сакав да играм и да завршам како шампион, но тоа е за мене невозможна мисија“, изјави Штербик за унгарски медиуми. 

Поглавјето се уште не е затворено, Унгарија го нема официјално завршен шампионатот, па така и Штербик останува со обврски кон Веспрем. Но, еднаш штом и тоа се реши, ќе дојде крајот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk