Барса го купи словенечкиот бисер

Најталентираниот словенечки ракометар, Домен Макуц, ќе им прави друштво на Блаж Јанц и Јуре Доленец во Барса следната сезона. 
Со овој трансфер вчера прв се пофали Балкан Хендбал, веруваме во неговиот извор и очекуваме наскоро официјална потврда, евентуално демант на ваквиот трансфер. 

Макуц неколку години важи за супер талентиран играч, редовно добиваше шанса во Целје и јуниорскиот тим на Словенија, но веќе наполни 20 години и време е да се види дали од него ќе стане врвен ракометар. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk