Поништена сезоната во Словачка

Управниот одбор на Ракометната федерација на Словачка, денеска донесе одлука шампионатот на Словачка да биде поништен.

Нема да има прогласување на шампион оваа сезона. Нема да има испаѓање, ниту пак промоција во повисок ранг на натпреварување во оваа држава. 

Другите отворени прашања ќе ги решава техничка комисија. 

Истиот потег го претходн го одигра и Шведска, со тоа што кај нив има промоција на еден клуб во повисок ранг, шампион - нема. Истото е и во Швајцарија каде нема да има шампион. 

Полска и Словенија го прекина првенството но прогласија шампион. Белгија, Норвешка, исто така прогласија крај на првенството. Во Германија е прекината само женската Бундес лига. Во Франција останаа на чекање само најсилните лиги и Д2 во машка конкуренција. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk