Барса прифати кратење на платите

Лео Меси со пост на Инстаграм потврди дека ситуацијата во Барселона и префлањето во системот ЕРТЕ, односно под државна капа на спортистите додека трае корона кризата ќе мине без проблем. 
Барселона најави кратење од 70 % на примањата на сите вработени во клубот, без разлика дали се спортисти или не. 
Кај фудбалерите ќе биде и поголемо од 70% , а  разликата со помош на плус средства од клубот овие пари ќе бидат пренаменети за вработените што не се спротисти да добијат 100% од платите. 

На брашното ли легнаа и ракометарите и тоа без бука, а единствено дел од кошаркарите не прифаќаат ваков расплет. Се работи главно за играчи на кои им истекуваат договорите во јуни или планирале да си заминат. Со нив индивидуално се разговара за решение. 

Со ова тргната е од дневен ред точката за евентуално укинување на секциите како ракомет, хокеј на трева, футсал, па и кошарка. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk