Две екипи спремаат тужби за АСОБАЛ

Екипите на Хуеска и Кањас, двата последнополасирани тима во АСОБАЛ шампионатот спремаат тужби до Лигата доколку првенството биде прекинато, а тие бидат преселени во понизок ранг. 

Првиот човек на АСОБАЛ форсира идеја, ако шампионатот не се доигра, да има промоција на шампион и испаѓање од Лигата.
Ова не им се допаѓа на двата последни клуба кои во теорија имаат шанса да се изборат за опстанок доколку првенството продолжи. 
„Ако не се доигра, треба да се поништи“, велат Кањас и Хуеска. „Одиграни се 60 проценти од натпреварите и не може да се правиме дека не се играло, но ако не може да се доигра тогаш не смее да има испаѓање“.  

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk