Порто го враќа најдобриот млад играч

Најдобриот млад играч од последното ЕХФ ЕУРО до 20 години, португалскиот десен бек Диого Силва, по една сезона мината во дресот на Целје Пивоварна Лашко, се враќа назад во Португалија. 

Диого Силва со статус на позајмен играч мина една сезона во Словенија. Сезоната ја оцени како многу успешна, во која созреал како играч и постојано со тренерскиот тим работеле на сите негови грешки и слабости. 

„Разочаран сум што сезоната вака заврши“, изјави Диого Силва за словенечките медиуми. „Овде созреав, имав голема поддршка од тренерите и радо би останал. Но, мора да ги почитуваме и барањата на мојот матичен клуб Порто. Тие ме бараат назад и нивната волја треба да се испочитува“, изјави младиот Португалец. 

Сега Порто одново го составува дуото што им донесе полуфинале на ЕП, а тоа се Андре Гомеш кој игра на позиција лев бек и центар и Диого Силва кој рековме игра на позиција десен бек. 
Зад нив е и еден голем потенцијал од генерацијата 2002, а тоа е Андре Соуса и се чини дека е прашање на време кога ќе чуеме и дека (според нас) најдобриот играч во својата генерација (У18), а тоа е Мартим Кошта ќе биде селектиран од сино-белите. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk