Петров под државна капа во Шпанија

Корона-кризата почнува да зема поголем замав, се очекува наскоро да го достигне пикот во повеќе држави, а една од земјите каде што рапидно расте бројот на заразени жители е Шпанија.
Македонскиот интернационалец Костадин Петров, пикер што има и репрезентативно педигре е дел од шпанската приказна. Тој е играч на Гвадалахара и сосема добро се снаоѓаше во клубот пред да избие кризата.

„Имам договор една плус една година. Клубот сакаше да останам, почнавме преговори, но се запре кога се разговре кризата“, вели Петров.
„Сега веќе две недели сме дома. Имаме програма за тренинзи, работиме од дома и тоа е тоа, чекаме разврска или нешто да кажат за понатаму“.
 

Деновиве е актуелна приказната со Барса и кратењето на 70 проценти од договорите на сите вработени, вклучително и спортистите. Клубовите ги префрлаат своите играчи и вработени во државниот систем за привремено регулиран работен однос (ЕРТЕ) каде што држава им исплаќа зарарантиран личен доход. Гвадалахара е дел од таа приказна.
 
„Сите сме префрлени во ЕРТЕ. Поголмиот дел од клубовите веќе го сторија тоа. Ќе не плаќа државата додека да трае кризата. Колку ќе трае, не знаеме, ни одложија уште дополнителни две недели. Сите се надеваме дека наскоро ќе кажат дека може да се тренира. Но, дотогаш сме по дома. Има полициски часови, карантини, забрана за движење. Добро се спроведуваат мерките, овде се почитуваат забраните“.

Под ЕРТЕ досега влегоа поголемиот дел од клубовите. Во Шпанија игра уште еден македонски репрезентативец, Дарко Димитриевски. Тој игра за екипата на Синфин која исто како и Гвадалахаре е под ЕРТЕ.
Се очекува наскоро и расплетот во Барса. Таму кошаркарите одбија колективен договор и секој посебно се договара. Некои играчи прифатија ЕРТЕ, други не сакаат и судбината на колективот е доведена во прашање.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk