Женскиот „Ф4“ без ЧСМ, Ростов, Будуќност?

ЕХФ вчера објави план како да ја заврши европската сезона во случај да може да се игра ракомет во јуни и во случај да не може да се игра ракомет во јуни. 
Планот на ЕХФ крена многу прашина. И така во овој период нема многу што да се пишува и објавува на тема ракомет, па оваа нивина физибилити студија се најде во центарот на вниманието и ќе остане таму подолго време. 

Една од смерниците по кои ќе оди ЕХФ се досега постигнатите резултати. Тие ќе бидат репер во случај да не може да се одигра регуларно сезоната. Со оглед на тоа дека стручњаците од медицинските сфери сметаат дека пикот на корона вирусот во Европа ќе биде кон крајот на април, шансите до 1 јуни да се почне со тренинзи се... проценете сами. 

Ако нема ракомет, ќе се брои досега одиграното. А тоа, значи дека во машка конкуренција на Ф4 во Келн ќе одат Барса, ПСЖ, Веспрем и Кил, а во женска тоа би биле екипите на Мец и Есбјерг (првите дв места во група 1) и на Ѓер и Брест кои се најдобропласирани во групата 2. 

Екипите на ЧСМ, Ростов, Будуќност и Влчеа што се пласирани во 1/4 финалето би биле службено елиминирани. 1/4 финалните парови доколку се игра (17/18.06 -20/21.06) се: Влчеа - Мец, ЧСМ Букурешт - Ѓер, Будќност - Есбјерг и Ростов Дон - Брест. 

Случајот „женски Сагосен“, односно дали Андреа Лекиќ ќе игра за ЧСМ Букурешт или Будуќност на „Ф4“ во ваквиот расплет добива поинаков одговор. Нема да игра на „Ф4“. 

Фајнал фор во Будимпешта е последниот закажан турнир и ако се одржи ќе се игра на 5-6 септември. 



 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk