Хансен и Лауге против новиот Ф4 Келн

ЕХФ вчера објави план за рестартитрање на европската сезона што вклучува одржување на Фајнал Фор турнирот на крајот на август. 
До Келн, пак, може да се стигне преку квалификации (Топ 16 и Топ8), но и па пат на службена елиминација на послабопласираните екипи во групната фаза доколку нема услови за почеток на тренинзи до 15 мај.  Подвлечено, ако корона уште владее со светот до 5 јуни, тогаш на Ф4 ќе играат ПСЖ, Барса, односно Веспрем и Кил. 

Двете големи ѕвезди од Данска што играат за ПСЖ, Микел Хансен и Веспрем, Расмус Лауге жестоко го критикуваа овој план на ЕХФ. 

„Ваков Ф4 нема да има многу смисол. Многу играчи се бореле со месеци за да стигнат до таму и сега нема да можат да играат на најважните натпревари затоа што во меѓувреме потпишале за друг клуб. 
Од друга страна, екипите ќе имаат играчки промени и ќе бидат многу послаби во август затоа што ќе им недостасува воиграност, особено што во голем период не ни тренираат“, изјави Микел Хансен за данската ТВ2. 

„Ваков план е погрешен по многу параметри. Точно е дека очајни времиња, но ова е навистина очајничка мерка. Ние сме во историски момент со кој треба да се справиме суштински и не треба да се носат глупави одлуки“, изјави центарот на Веспрем, Расмус Лауге. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk