Спортистите ја губат поддршката од јавноста

foto> elmundo.es

ФЦ Барселона објави мерки за економска стабилизација со кои на спортистите треба да им се намалат примањата за 70 проценти додека трае кризата предизвикана од коронавирус и префрлање во ЕРТЕ (Привремено регулиран работен однос). Фудбалскиот клуб веќе не носи милиони, фан шоповите се затворени, спонзорите си имаат свои маки. 
Ова одекна силно во јавноста, се побунија спортистите, особено кошаркарите, сигурно не им е мило ниту на ракометарите и другите секции. Се шпекулира дека е ултимативно, се шпекулира за заминување на играчи или гасење на секции. 
Но, во целата приказна денеска Ел Мундо излезе и со гледање на работите од друг агол, а од тој агол спортистите ја губат поддршката од јавноста. 

Ел Мундо објави дека ланецот на трговски центри Ел Корте Инглес денеска префрлил во ЕРТЕ 29,600 вработени, Бургер Кинг 14.000, СЕАТ 15.000, Декатлон 9.000, ИКЕА 7.000 или во Каталонија околу 340.000 вработени. 

„Дали мислите дека кој било вработен е среќен со ситуацијава? Никој не затвора од задоволство. Страда цел свет. И во целата таа панорама, постојат спортисти од Барса што не сфаќаат дека и Барса воведува такви мерки. Тоа е неразбирливо. Таков недостаток на солидарност во последните 60 години немало“, констатира новинарот на Ел Мундо. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk