Играчите на ЧСМ се слободни да си одат

Се остварија најавите дека ракометарките на ЧСМ Букурешт денеска ќе станат слободни агенти. Клубот поврзно со корона-епидемијата и вонредната состаојба во Романија, објави дека се суспендирани сите договори. Ова е чекор што го одигра и Крајова, додека Корона Брашов ги раскина сите договори, вклучително и тој на нашата Наташа Нолевска. 

ЧСМ Букурешт ќе исплаќа според законот што во моментов е на сила во Романија, а тоа се 850 евра месечно по играч додека трае кризата. 
Ако играчите побараат да си заминат во овој период - ќе бидат слободни да го сторат тоа. Клубот инаку им должи плати уште од ноември.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk