Дали е Барса е пред гасење?!

Коронавирус и последиците што ги предизвикува во светската економија би можеле да имаат огромен удар врз спортските колективи, посебно тие што самите не се доволно економски моќни на опстанат на нивото на кое што се и се спонзорираат на начини што во ова време се подложни да запрат. 

Барселона, спортското друштво во Шпанија што е финансиски моќно колку мала држава  ги информираше своите секции дека има донесено одлука за кратење на дури 70% од примањата на спортистите во наредните три (април, мај и јуни) месеци, додека за март би добиле пола плата.
Без милионските приходи од фудбалските натпревари, со затворени фан шопови низ целата земја и беа реклами, Барса се плаши од влегување во црвена зона. 

Неофицијално, кружи информација дека ова барање зад завесата е ултимативно, а во позадина стои закана за гасење на извесен број на секции. Меѓу нив и на ракометната. 

Утре е денот кога ќе се отворат сите карти на масата. Кошаркарите веќе одбиле такво кратење, иако и за нив се шпекулира дека се на листа за егзекуција ако биде потребно.
Посебно ги „боли“ што Реал Мадрид на пример, воопшто нема намера своите спортисти да ги прати во ЕРТЕ (Привремено регулиран статус на вработени). 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk