Против Франција во јули, жените ќе играат турнир

Женската репрезентација на Македонија своите натпревари со Португалија (2 меча) и со Шведска и Чешка, нема да ги игра по принципот дома-гости по кој се играше досега. 
Поради големи промени во календарот на натпреварување и карантинот во кој е целиот свет, ЕХФ одлучи овие натпревари да се играат на почетокот на јуни и тоа турнирски. Градовите домаќини на турнирите дополнително ќе бидат објавени. 
Термините се подложни на промени, прашање е дали на почетокот на јуни ќе постојат услови да се играат натпревари и да се патува низ Европа. 

Машката репрезентација своите натпревари со Франција, од квалификациите за СП Египет 2021, пак, би требало да ги одигра на крајот на јуни и почетокот на јули. Првата средба се игра во Македонија, 29/30 јуни, а потоа реваншот во Франција, до 5 јули. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk