ЛУД „Ф4“ КЕЛН: ПСЖ со Криштопанс, Кил со Сагосен, Веспрем со Македа...

ЕХФ денеска излезе со стратешки план за рестартирање на евро-сезоната. Малку поаналитички ако погледнеме, ЕХФ многу јасно стави до знаење дека сезоната нема да се поништи. Освен ако и во август светот е во карантин. 

Виена својот најдобар продукт, Фајнал Фор - Келн најдобро го заштити од откажување. Го премести за крајот на август. Иако, август е веќе два месеца во сезоната 2021-2022. Сите други натпревари, како Топ 16 и Топ 8 можеби/веројатно ќе бидат откажани. 
Од актуелен момент, врз база на резултатите веројатно ќе гледаме Ф4 во Келн кон крајот на август со Барса, ПСЖ, Кил и Веспрем. Тоа ќе биде луд Ф4, затоа што овие екипи нема да бидат истите во август. Рековме, август е месец што припаѓа на сезоната 2021-2022. 

Главно прашање што се „вртеше“ е дали Сандер Сагосен во август ќе игра за ПСЖ против Кил или за Кил против ПСЖ. Одговорот го даде претседателот на ЕХФ, Сагосен ќе игра за Кил во август.  Но, не е само Сагосен, да погледнеме какви промени се договорени во четирите потенцијални учесници на Ф4 и тоа уште во март. 

ПСЖ ќе го нема Сандер Сагосен, но ќе ги нема и Лик Абало, Едуард Кемп и Родриго Коралес. Затоа парижаните во својот состав во август ќе ги имаат Даинис Криштопанс, Матју Гребил, Елохим Пранди, Јан Женти и Феран Соле. 

Кил има најмалку промени. Тие засега се посилни за Сандер Сагосен. 

Веспрем го добива голманот Родриго Коралес од ПСЖ, двајцата екс вардарци Хорхе Македа од Пик Сегед, Данил Шишкарев од Вардар, Дан Емил Ракотеа од Шарт, потоа Николај Маркусен од Силкеборг, новата унгарска ѕвезда Патрик Лигетвари (Логроњо), а можеби ќе ги врати од Татабања и Габор Анчин или Матјаш Ѓори. 
Заминуваат Драган Гајиќ, Борут Машковшек, Мирсад Терзиќ, а млад пензионер што можеби ќе треба да изрипа од папучи  и одново да застане на гол ќе биде Арпад Штербик. 

Многу промени до овој момент нема ниту во Барса. Тие го добиваат крилото Блаж Јанц за следна сезона, а од клубот си оди Данецот Ласе Андерсен. 

И сето ова е во март, а преодниот рок допрва почнува. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk