Вардар - Сегед во Јуни, ако воопшто се игра

Извршната комисија на ЕХФ одреди низа мерки и нови датуми за рестартирање на Европската сезона. ЕХФ подвлекува дека сите датуми во моментов се теоретски зависат од развојот на настаните во битката со коронавирус и постави и термини за нивното поништување.

„Во потполност сме свесни дка имплементирањето на ова сценарио, во целост зависи од развојот на состојвите околу коронавирусот и мерките што владите ги преземаат за заштита“, изјави Михаел Видерер, претседателот на ЕХФ.

Нема да се игра ракомет во април и мај. 

ВАЖНО: Ако нема услови да се одиграат натпреварите, екипите ќе обезбедат пласман според резултатите во групната фаза. 

Новиот термин за дуелот од Топ 16 во Лигата на шампионите, а тука е и дуелот Вардар - Пик Сегед, треба да се игра од 1 до 7 јуни. Во Скопје би се играло во среда/четврток (3-4 јуни), а реваншот сабота недела (6-7 јуни). 
До 15 мај е крајниот рок за ЕХФ да ги откаже натпреварите од Топ 16. 
Ако се случи тоа, во 1/4 финалето што е закажано да се игра 22/28 јуни ќе игра ПИК Сегед, затоа што има подобар пласман во групната фаза. 
Крајниот датум за откажување на 1/4 финалето е 5 јуни. 
Ако се случи тоа тогаш на Фајнал Фор што ќе се игра во август ќе играат Барса, ПСЖ, Кил и Веспрем. 

Баражите за пласман на СП Египет 2021 се поместени исто така за во јуни (15-21 јуни). Тоа се средбите од првиот бараж што требаше да се играат во април. 

Македонија и Франција би играле од 29 јуни до 5 јули! 







Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk