Червар сака нов договор со Хрватска

Одложувањето на Олимписките Игри во Токио, може да донесе многу промени, не само со термините туку и со системот на квалификации за ОИ. 
Не е официјално потврдено, но може да се случи, квалификациски за ОИ да биде следниот мундијал, во Египет 2021, место сегашните групи одредени врз база на СП Германија и ЕП 2020. 

Сето ова сериозно се разгледува во Хрватска, каде селектор заклучно со ОИ Токио е Лино Червар. 

„Моја желба е да останам селектор уште година и пол, земено предвид дека игрите се одложени. Нормално, ако ме послужи здравјето“, изјави Лино Червар за 24сата. 
„Се зависи од Федерацијата, но јас би сакал да си заминам од клупата на Хрватска со медал од ОИ. Со одложувањето на игрите, се менува се. Можеме да останеме и без квалификациите, па ќе треба да запнеме на СП Египет и да направиме резултат за пласман на ОИ“, вели хрватскиот изборник. 

Квалификациите навистина би можеле да бидат променети, но тука се јавува нов проблем, а тоа се женските квалификации. Кај нив нема ново СП до декември 2021, па ИХФ ќе мора внимателно да ги постави критериумите за пласман во Токио. 

 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk