Поповски добива соиграч од 44 години!

Клубот Амичитија Цирих од Швајцарија, за кој следната сезона ќе настапува македонскиот репрезентативец Мартин Поповски доведе уште две нови имиња како засилувања за следната сезона.

Никола Мариновиќ, легендарниот голман кој почна како Југословен во Ц. Звезда, а заврши со австриски пасош и 170 настапи за Австрија (патем и за Вецлар, Гепинген, Балинген, Кадетен) ќе има полни 44 години кога следната сезона ќе застане на голот на Амичитија. 
Заедно десниот бек Томас Резничек (35) опасно ја подигнаа возрасната граница во швајцарската екипа. Но, Мариновиќ не е за старо железо, за екипа како Амичитија, ќе биде одлично засилување. 

Вториот нов играч е 20 години помлад и доаѓа од редовите на Ајнтрахт. Јост Брикер ќе ја пополни или засили позицијата лево крило во швајцарската екипа. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk