ТРАНСФЕРИ: ЦСКА украде дете на Звезда

ЦСКА Москва потпиша договор со руската репрезентативка Анастасија Иларионова. Таа е пивот, ракометарка што израсна во Звенигород, во школата на некогашниот руски шампион Звезда. 
Иларионова долго размислувала или долго била убедувана да премине во ЦСКА и на крајот, понудата и амбициите се поклопиле и заминува од градот на ѕвоната. 

Женската репрезентација на Данска доби нов директор/менаџер. Тоа ќе биде некогаш славната ракометарка Кристина Рослинг. Рослинг е позната како ракометарка на Виборг, не само што беше една од најдобрите, туку беше и една од најубавите. Подицна стана сопруга на најдобриот стрелец на Флензбург во историјата - Ларс Кристијансен. 

Висла Плоцк не е задоволна од настапите на Константин Игропуло минатата сезона, но имаат оправдување за него - беше повреден. Затоа рускиот десен бек најверојатно ќе добие нова шанса кај Хавиер Сабате. За разлика од него, покрај двајца плејмејкери од Шпанија и тренер од Шпанија, Адреј Здрахала, најдобриот стрелец од Еп 2018 си заминува од клубот. 

Голманот на Винтертур и на репрезентацијата на Аргентина, Матијас Шулц (има двојно аргентинско и германско државјанство), реши да ја заврши кариерата. 
Тој има 38 години, а коронавирус предвреме стави крај на сезоната во Швајцарија и Аргентинецто реши да не чека до септември туку веднаш објави крај. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk