ПИК Сегед негативен на корона

По екипата на Веспрем и вториот голем унгарски клуб се проверуваше дали во своите редови има заразени играчи. Тестирањето ги опфати ракометари, тренерите, логистичарите и нивните најблиски членови од семејството. 

Клубот што ако продолжи сезоната ќе биде противник на Вардар во 1/8 финалето на Лигата на шампионите, денеска не го криеше задоволството кога објави дека сите тестови се негативни и сега можат поспокојно да продолжат со задолжителниот карантин.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk