Ливриниќ од јуни во нов клуб

Романската екипа Рапид Букурешт за кого настапуваше македонската репрезентативка Елена Ливриниќ, денеска објави дека се разделува со нашиот играч. 

„Нашата најкорисна и сакана ракометарка, реши да не ја продолжи соработката со нашиот клуб следната сезона. Таа следната сезона ќе игра за екипата на Глориа Бузау. Ѝ посакуваме многу среќа“, објави Рапид. 

Елена Ливриниќ (25) е една од најдобрите македонски ракометарки. Играше во Металург до 2016 година, а потоа замина во Романија. Прво во Галаци, а во 2019 и во Рапид Букурешт. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk