Анди Шмит: Фајнал фор во август? Тоа не може да биде!

Иако изминаа само 12 дена откако во Србија на пример фудбал се играше со публика, се чини како да минува цела вечност без спорт и под темниот облак создаден од корона вирусот.

За само две недели се изменија толку многу работите, што од моментот дали да се игра со или без публика, сега прашањето дали воопшто ќе се игра ракомет сезонава. И секој ден е поизвесно дека - нема. 
По една недела мината во домашен карантин, без тренинзи и големите играчи почнуваат да креваат глас. 

„Мислам дека оваа сезона треба да се поништи, како да ја немало, како да не се играла“, вели Анди Шмит, најдобриот играч на РНЛ, клубот што е жариште на корона во Германија. 
„Но, прво мораме да се обидеме да ја спасиме сезонава. По секоја цена. Но, тоа мора да се направи до 30 јуни. Не разбирам како мисли ЕХФ, Фајнал Фор од Лигата на шампиони да се игра во август. Тоа не може да биде. За кого ќе игра Сандер Сагосен? За ПСЖ против Кил или за Кил против ПСЖ? 





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk