НОРА МОРК: Мој живот, мои лузни, мои колена...

Норвежанката Нора Морк во еден момент беше ословувана и како најдобар десен бек во светот. Иако со својата висина не импонира во ракометниот свет (167 см), епитетие што и беа доделувани беа сосема на место и сосема заслужени. 

Но, денеска Нора Морк одбројува кога ќе се врати на терен. Во последните 24 месеци, играла само четири. Полни две години ја нема на сцената, иако тоа не ја спречи да направи голем трансфер, од Ѓер до ЧСМ Букурешт. Нејзе паузата не и право голема штета, решена е да се врати на терен. 

„Веројатно илјада дектори би препорачале да ја прекинам кариерата. Имам девет операции, 17 лузни, штрафови и плочки вградени во мене. Но, тоа се мои лузни, мои колена. И се враќам назад на терен“, порача Морк во интервју за ТВ2 од Норвешка. 

Нејзината сестра близначка, Теа Морк, поради чести повреди предвреме ја заврши кариерата. 

За Нора Морк пред две и пол години слушнаа и тие што не гледаат ракомет. Нејзиниот телефон беше хакиран, фотографии на кои се целосно гола се појавија на интернет. 
Човекот кој и го хакираше телефонот требаше да плати 1500 евра казна, но не се согласил со тоа. Случајот отиде на суд, а норвешкото судство има проблем да го најде и да го доведе во судница, па процесот се води без присуство. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk