TРАНСФЕРИ: Го купија Гедбан, ама како да не му веруваат

Рикардо Кошта, 43 годишниот тренер на португалската екипа Гаја, заминува од клубот и следната сезона ќе биде тренер на екипата на Аванка. Овој трансфер е многу поважен отколку што изгледа затоа што во Гаја игра Мартим Кошта, а Рикардо е неговиот татко.  Штом заминува Рикардо, очекуваме да замине и Мартим. 
Мартим Кошта е според нас, најдобриот 17 годишен ракометар на светот во моментов. 

Екипата на Мелзунген потпиша договор до 2024 година со Димитри Игњатов (20). Мелзунген веднаш го испрати Игњатов на калење во екипата на Есен. 

Десното крило на португалската репрезентација, Педро Портела е пред враќање во татковината. Тој досега играше за екипата на Трембле од Франција, а сега би требало да се врати во Лисабон, во екипата на Спортинг. 

Адемар Леон го купи од Вардар алжирскиот голман Калифа Гедбан. Но, како да не му веруваат многу на Алжирецот, па во тимот останува и досегашниот прв голман Димитри Патотцки, а клубот ја активираше и годината плус од договорот со хрватскиот голман Дино Славиќ. 
Адемар ги продолжи договорите и со крилата Хаиме Фернандез и Гонзало Перез. 

По ЧСМ Букурешт, Влчеа и Баја Маре, сега и Радпид Букурешт прави силен женски тим во Романија.Бразилката Ана Паула Родригез, екс ЧСМ, Ростов е најзвучното засилување за оваа екипа, а најавени се уште 3-4 нови имиња. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk