Костески: Добро сум, но добро не „здрма“

Македонскиот репрезентативец Ненад Костески е еден од ракометарите што професионалниот леб си го печали надвор од Македонија. Тој е член на ППД Загреб, иако е позајмен на помал клуб за да има поголема минутажа. 

Костески како и сите загрепчани денеска имаше непријатно будење од 5.3 степени според Рихтер. 

„Добро сум, но како и сите ове, исплашени сме малку. Утрово добро не „здрма“, 5.3 степени е силен земјотрес. На спиње, во шест часот наутро. Многу непријатно. Повеќето луѓе истрчаа надвор, многу од нив запалија колите и заминаа кој каде има. Но, имаше и добар број што воопшто не излегоа од становите. 
Јас живеам на четврти кат, во релативно нова и малечка зграда. Се почувствува добро земјотресот, но немаше оштетувања. 
Повеќе страдаше централниот дел на градот и стариот дел од Загреб. Таму постарите градби се повеќе оштетени“, изјави за g-sport.mk, Ненад Костески. 

Корона и земјотрес, е страшна комбинација. Каков е амбиентот кај вас во клубот...

„Јас сум сега со Загреб. Изолација, ги почитувам препораките и не излегувам без потреба. Имаше прекин на тренинзите, но потоа почнавме одново, но не цел тим. Тренираме во мали групи, најмногу пет играчи, такви се овде препораките и ограничувањата. Одвоено, на отворено, трчаме главно, ништо посебно. И чекаме што ќе биде. Ситуација се заострува, се зголемува бројот на заболените и се најавуваат поостри мерки“, вели Костески. 


Загреб утринава беше погоден од земјотрес со јачина од 5.3 стпени. За среќа
причнета е само материјална штета

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk