Романска понуда за Елена Ѓоргиевска

По една сезона мината во редовите на Подравка од Хрватска, македонската интернационалка Елена Ѓоргиевска (29) би можела одново да се врати во Романија, каде што веќе има настапувано во екипите на Баја Маре и Крајова. 

Заинтересирана за услугите на македонскиот десен бек е екипата на Магура. Овој клуб има зголемени аптетити за следната сезона, па сака во своите редови покрај македонската ракометарка сака од Подравка да jа ангажира и Романката Андреа Ланаши од Крајова да го доведе пикерот Тимеа Татар, а како шлаг на торта, да ги доведе и полските репрезентативки Силвија Лишевска (Баја Маре) и Александра Зуч (Валбжич, Полска). 

Ова се дел од плановите на романскиот тим што беа обелоденети во локалните медиуми. Ѓоргиевска иако има само 29 години, има зад себе огромно ракометно искуство и има што да покаже и на клупски, а јасно очекуваме многу и на репрезентативен план. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk