Нов заразен во РНЛ: Грецки се јави од постела

Рајн Некар Ловен е најголемото корона жариште во Европа. Доцна применетите мерки за стопирање на првенството како превентива за ширење на вирусот покоси пола од германската екипа. 

Патрик Гроцки, десното крило на РНЛ и довчерашен репрезентативец е последниот во друштвото кој се јави од постела. 

„Коронавирус беше прилично благ кон мене. Една вечер во постела со лесна температура и кашлица. Денеска веќе се чувствувам комплетно фит. 
Почитувајте ги препораките, никогаш не било полесно. Се што треба е да се седи дома и да не се прави ништо“, објави (парафразираме) на својот Инстаграм профил германскиот играч. 

Од редовите на РНЛ на списокот на позитивни на коронавирус досега се пријавија Мадс Менса Ларсен, Јаник Колбахер, Мартин Швалб, Микаел Апелгрин и Гедеон Гвардиола. Од РНЛ вирусот во Норвешка го однесе и Бјарте Мирхол, ракометар на Скјерн кој бил на гости кај поранешните соиграчи во Манхајм. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk