РНЛ е корона жариште: Нов заразен играч!

РНЛ станува најголемото ракометно корона жариште во Европа. Денеска германскиот тим се израмни со шпанската Малага и го пријави својот петти играч, официјално носител на корона вирус. 

Тоа е голманот Микаел Апелгрин, голманот од Шведска. Тој денеска објави фотографија на Инстаграм под која напиша дека останува во куќен карантин како еден од носителите на коронавирус. 
Пред Апелгрин, потврдено заразени со коронавирус се тренерот Мартин Швалб, потоа Гедеон Гвардиола, Јаник Колбахер и „нултиот“ пациент во РНЛ - Мадс Менса Ларсен. 

Инаку, за потсетување првозаразениот Ларсен, објави дека (најверојатно) се заразил преку своето дете. Тој бил во супер-маркет, а некоја бабичка или тетка очигледно заразена од корна го штипкала детенцето за обравчињата...потоа Ларсен како вели, цел ден го бацувал детенцето и тоа е таа негова верзија на настаните. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk