Не е Вардар, друг клуб го бара(л) Зорман

Иако Урош Зорман вешто го избегна одоговорот на прашањето каде и тоа во улога на прв тренер ќе продолжи следната сезона, откако беше откриено дека имал понуда од ЛШ клуб од Балканот, полските медиуми, денеска го објавија името на кандидатот за неговите услуги. 

Не е Вардар, можеше тоа и да се претпостави. „Црвено-црните“ прво имаат тренер, а второ и без корона имаат премногу проблеми, па ќе беше навистина чудно уште сега и да размислуваат, а уште помалку да бараат тренер. 

Но, информацијата беше дека ЛШ клуб од Балканот го бара, а такви се три: Вардар, ППД Загреб и Целје Пивоварна Лашко. 

Според "Gazeta Wyborcza Kielce".понудата до Урош Зорман стигнала од екипата на Целје Пивоварна Лашко. 

За негов наследник и нов асистент на Талант Душебаев во Келце има двајца кандидати - Криштоф Лијевски и Мариуш Јуркиевич, двајцата активно играат во моментов во полскиот клуб. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk