Карабатиќ: Како во сценарио за апокалипса

Европа е во карантин веќе неколку дена, настаните во ракометот замреа или полека замираат, а интересните теми веќе не можат да се замислат ако не го содржат зборот корона. 

Француската ТВ Спорт го интервјуираше најпознатиот светски ракометар, Никола Карабатиќ, јасно корона е топ темата.

„Немам воопшто вежбано од последниот тренинг со ПСЖ, во петокот наутро. Ги подготвувам моите деца за јадење, ги облекувам, долг ќе биде денот, нема да има проштка низ Париз... Чувството е како да сме во сценарио од апокалиптичен филм. Како да утре ќе почне крајот на светот“, вели Карабатиќ. „Но, се е реално, секоја одлука може да е животна промена и тоа ме плаши, иако нема место за паника.
Ме загрижува и тоа што некои луѓе не ги почитуваат упатствата. Гледам на ТВ, луѓе како брзаат на воз или аеродром. Така само помагаат да се рашири вирусот. Треба да се остане дома да и да се биде силен“. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk