Шведска ја заврши сезоната

По Норвешка и Швајцарија, треттата држава што реши не да ја прекине туку да ја заврши сезоната е Шведска. Швеѓаните последни играа, тие пред два дена го играа претпоследното коло од регуларниот дел од сезоната, веројатно со желба да го завршат тој дел од првенството, но како што вечерва почнаа да стигнуваат објави, тоа е и последното од нив сезонава. 

Распоредот на врвот ќе остане ист, а најголем губитник ќе биде Малме. Тие водеа со три бода разлика пред Алингсас на две кола до крајот. Но, загубија прво од Алингсас, а потоа неочекувано и од десетопласираниот Халби и сега сезоната ќе ја завршат како вице-шампиони, зад Алингсас. 

Дополнително ќе биде објавено како ќе ја решат состојбата со испаѓање и влегување во Лигата. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk