Алтернативен крај на првенствата: Данска се спрема за елиминации

Паузата во ракометниот свет, полека ги тера федерациите да размислуваат за поинаков модел за завршување на првенствата од оригиналните сценарија. 

Веќе објавивме дека Норвешка и Швајцарија ги откажаа шампионатите и нема да играат плеј оф, туку ќе прогласат шампиони веднаш. 

Но, кај повеќето федерации, вклучително и во македонската, не е така едноставно да се рече „Стоп“. 

Данска е една од државите каде што неофицијално „протекоа“ алтернативните планови. Нивниот УО постојано се консултира и се чини дека веќе имаат резервен план како да го доиграат првенството. 

Во моментов, категорично демантираат дека ќе ја следат Норвешка и ќе прогласат крај. Со оглед на тоа дека не се знае дали ситуацијата со вирусот пред да стигне до крајот прво ќе се смири или ќе ескалира, решија мудро да молчат и да чекаат. 

Но, рековме, планот им протече низ медиумите. Ако немаат доволно слободни термини за да играат плеј оф - тогаш ќе играат елиминации и место 14 кола ќе има само шест. 





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk