Швајцарија ја заврши сезоната!

Швајцарија беше една од последните држави што влезе во друштвото на земји што ги откажуваат спортските настани, за нас конкретно битно, ракометот. Малку чудно за земја што има над 1200 регистрирани случаи на заразени со Ковид 19. 
Но, кога решија да се приклучат, го направија тоа со стил - односно со БУМ!

Швајцарија не ги одложи, презакажа натпреварите, не редуцираше гледачи на трибините. Пукаа со најсилното оружје - исто како и Норвежаните - jа завршија сезоната. Нема да има плеј оф, наскоро ќе соопштат кој е шампион, а кој испаѓа од лигата. 

Тука за волја на вистината, табелата им одеше во корист, затоа што Кадетен Шафхаузен по регуларниот дел има 10 бода предност пред второпласираниот Винтертур. А и двата тима догодина нема да видат ЛШ, туку ќе играат во Лига Европа.
И на дното е јасно, Базел и Ендиген се во зона на испаѓање со 10 бода заостанување зад Цирих.

Штета што преодниот рок во Македонија е завршен, ќе имавме екстра интересно првенство доколу траеше преодниот рок кај нас само 15 дена подолго.  
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk