Одложени дуелите со Нексе и ПИК Сегед

Комплетно е запрен ракометот во Македонија, со последната одлука да бидат одложени натпреварите со Нексе што требаше да се играат викендов и со ПИК Сегед од Лигата на шампионите што беа закажани за крајот на март. 

Ова е на барање на сите клубови што играат во 1/8 финалето, кои на конференциска врска се договориле да бараат одложување во случај ЕХФ да не го прекине натпреварувањето.
Следните четири дена Вардар ќе биде на „одмор“ , а потоа ќе се анализира и ќе се донесе нова одлука. 

Овие натпревари се одложени и сега се чека одлука, кога би се играле тие натпревари. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk