Одложени квалификациите на женската репрезентација

Ракометната Федерација на Македонија донесе разумна одлука и денеска реши натпреварите од квалификациите што женската репрезентација требаше да ги игра со Португалија (26-29 март, гости-дома) да ги одложи и да ги игра во терминот што ЕХФ го обезбеди како алтернатива, а тоа е периодот 1-7 јуни. 

РФМ објави соопштение во кое ја образложи одлуката. 

Почитувани,
Ве известуваме дека согласно Одлуката донесена од страна на Влада на РСМ по последните препораки и забрани од страна на Министерството за здравство за превенција од вирусот COVID – 19, како и препораките на Светската здравствена организација за заштита на здравјето и безбедноста, Европската Ракометна Федерација и Раководството на Ракометната федерација на Македонија донесоа одлука за одложување на претстојните национални квалификациски натпревари.
Согласно горенаведеното Ве известуваме дека собирот на женската сениорска ракометна репрезентација, во рамки на ЕХФ неделата во период од  16ти – 29ти Март 2020 година, се одложува како и претстојните квалификациски натпревари со репрезентацијата на Португалија.
Со почит,
Ракометна Федерација на Македонија
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk