Старото друштво го чека Вардар

Мешков Брест не дозволи изненадување и откако со два гола славеше кај Мотор на првиот 1/4 финален дуел од СЕХА, денеска како гостин победи со 33-28 и се пласираше на „Ф4“ Задар.

Дваесетина минути беше израмнето во Запорожје (9-9), потоа Мешков поведе со 12-10, 16-12, 20-12 и тука беше се решено. 
Борис Пуховски (7) и Милош Орбовиќ (4) беа најефикасни кај Мотор, додека Никита Вајлупов (8) и Вилијам Акамбр ‘7) беа најдобрите стрелци за Мешков. 

Сега Мешков Брест и ППД Загреб се веќе пласирани на Ф4, Веспрем дома брани предност против Војводина, а на ова друштво треба да му се приклучи и Вардар кој има гол предност и меч во своја сала против Нексе. 

Ако биде така, тогаш во Задар ќе се сретнат Вардар и ППД Загреб, односно Веспрем и Мешков Брест. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk