Фајнал фор во Келн во август?!

Европската ракометна фдерација денеска објави ново соопштение што се однесува до опасниот вирус Корона и хаосот што е предизвикан поради него во многу држави. Особено трпат спорските федерации и настани со намалувањето на бројот на гледачи. 

Во опасност се доведени и трите големи проекти на ЕХФ - Фајнал Фор турнирите во ЛШ мажи и жени и ЕХФ Куп мажи. 

ЕХФ има резерврен план. Ако во мај се уште постои опасност од ширење на вирусот и забрана за полни сали, тогаш Фајнал фор во Лигата на шампионите во Келн ќе се игра 22/23 август. 

Фајнал фор на женската Лига на шампиони ќе се игра 5/6 септември во Будимпешта, а ЕХФ Куп Фајнал Фор ќе се игра 29/30 август во Берлин. 

Овие измени ќе значат и дека учесниците на Ф4, ако се игра во август, ќе играат со сосема нови тимови. На пример, ако се пласира на Ф4, за Кил во август ќе може да настапи Сандер Сагосен... 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk