Прв пораз за Металург во Супер лига

фото: ohridnews.com

Металург вчера го запиша првиот пораз во домашното првенство, на гостувањето во Охрид. Голманот Даниловски беше клучот за победата на охриѓани. Тој имаше вкупно 16 интервенции од кои голем дел беа во клучните моменти кога Охрид во финишот на средбата успеа да направи пресврт и од минус три да дојде до плус два. 
Резултатот ништо не менува на табелата, во последното коло Металург на домашен терен против Радовиш треба да го завери првото место. Охриѓаните остануваат на второто. 

Важна победа извојува Струга над Металург 2. Со ови три бода им се зголемуваат шансите за опстанок во плеј аут друштвото во кое најсериозен кандидат за испаѓање стана екипата на Работнички. 
Вардар Јуниор со 40-24 го совлада тимот на Работнички и го испрати на дното на табелата. 


ОХРИД - МЕТАЛУРГ    22-20 (10-11)
Кривокапиќ 7, Тот 6 - Чантурија 5, Танкоски 4
СТРУГА - МЕТАЛУРГ 2   24-23   (12-11)
Симоноски 7, Крстаноски 5 - Шокоски 8, Стојановиќ 4
ВАРДАР (Ј) - РАБОТНИЧКИ   40-24 (17-10)
Карапалески 8, Крстевски 5 - Палевски 9, Боцаковски 5
БУТЕЛ - Т. ПРОЛЕТ   19-22 (10-11)
Мајиќ 7, Сулима 4 - Андоновски 7, Поповски 6

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk