Ќе паузира ли женската репрезентација?

ЕХФ се наоѓа во ситуација да се справува не само со мерките за заштита од корона, туку и различните законски и здравстевни регулативи на државите. 

Затоа денеска донесе одлука натпреварите од квалификациите за ЕХФ ЕУРО 2020 во женска конкуренција, натпреварите од трето и четврто коло да имаат и алтернативен датум за играње, во јуни. 

Македонија на 26 и 29 март треба да игра два меча со Португалија. Првиот на гостински терен. Во моментов, нема одлука дали ќе се играат овие два дуела или ќе бидат одложени за јуни. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk