Супер лига: Металург на дерби во Охрид, Пролет на деби во Бутел

Денеска, продолжуваат натпреварите од Супер лигата меѓу кои се сместени и два дерби натпревари. Ќе се играат без публика.
Охрид го пречекува Металург, а во Бутел се среќаваат Бутел и Т. Пролет. 

Металург извесно ќе заврши на првото место на табелата со оглед на тоа дека има 4 бода предност на две кола до крајот, но за Охрид би била голема сатисфакција ако денеска дојде до целиот плен. 

Бутел и Пролет се посебен тип на конкуренција во првенството. Без разлика што се случува околу нив, нивниот меч е најважниот. Патем и двата тима одат во Плеј оф заедно со Металург и Охрид, па ќе ги гледаме и понатаму. 

Радовиш - Пелистер е исто така натпревар што е значаен затоа што екипите пренесуваат бодови. Тоа важи за Вардар Јунир - Работнички, односно Струга - Металург 2. 



LIVE STREAM - СУПЕРЛИГА МАЖИ - 17 КОЛО

11.03.2020 (среда)

(17:00 часот) Вардар Јуниор - Работнички
https://www.youtube.com/watch…

(18:00 часот) ГРК Охрид - Металург
https://www.youtube.com/user/TVMtelevizijaOHRID/live

(19:00 часот) Струга - Металург 2
https://www.youtube.com/watch…

(19:00 часот) Бутел Скопје - Пролет 62
https://www.youtube.com/watch…

12.03.2020 (четврток)

(19:00 часот) Радовиш - Пелистер
https://www.youtube.com/chann…/UC_TYO5hMQt_qc63LQkzSAdg/live

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk