НЕКСЕ - ВАРДАР 30-31 (15-15)
Пешиќ 7, Кевиќ 5 - Дибиров 12, Скубе 6, Горбок 4, Шишкарев 4, Толедо 2, Калараш 2, Стоилов 1
Вардар е (речиси) сигурен патник на Ф4 на СЕХА, откако вечерва го совлада Нексе како гостин во Нашице, минимално, 31-30 извојувана многу тешко и со ризик да заврши мечот без победник.
Ситуацијата во Вардар е позната, но без разлика, очекувавме повеќе од Вардар. Но, Нексе беше одлично подготвен, посебно тактички и ги наоѓаше сите дупки и пукнатини, посебно на линијата и постојано го контролираше резултатот.
Да беа пофокусирани во одбрана домашните и да не направија неколку неизнудени исклучувања во првиот дел, ќе му беше многи потешко на Врадар вечерва.
Сеедно, Нексе водеше во неколку наврати и со три гола, но на одмор се замина без победник 15-15.
Во вториот дел Вардар играше подобро, во 33 минута успеа и да поведе, но кратко траеше тоа. Нексе одново имаше контрола, а потоа Дибиров влезе во гол форма, Горбок погоди кога требаше и Вардар во 53 минута по втор пат поведе.
Имаше и плус два и шанса за плус три, но обидот да се игра атрактивно на крајот заврши со шанса Нексе да израмни.
Реваншот се игра следната недела во Скопје.