БАРАЖ ЗА СП 2021: Ќе ги бараме Австрија и Чешка

Македонската сениорска репрезентација, утре ќе го добие противникот со кој во јуни ќе ги одмерува силите за пласман на Светското првенство што во 2021 година ќе се одржи во Египет.

Ждрепката ќе се одржи во Виена, а репрезентациите ќе бидат поделени на носители и неносители, во два сада (т.н шешири). 
Во првиот ќе бидат репрезентациите што беа подобропласирани на последното ЕП. Тоа се репрезентациите од четвртото со 14 место. Шпанија, Хрватска и Норвешка (1-3 место) како и Данска (13 место, Светски првак) директно се пласираа на Мундијалот што прв пат ќе се игра со 32 репрезентации. 

Македонија на ЕП беше на место број 15 и за едно место не влезе меѓу привилегираните. Сме заборавиле како изгледа тоа, цела деценија бевме со носителите, поразите од Чешка и Австрија на последното ЕП не вратија во вториот шешир. И со тоа патот кон Египет стана исклучително тежок. 

Со кнедла во грло и носталгија се сеќаваме на времињата кога од шеширот со противници излегуваа Грција или Романија... На ден пред ждрепката, противниците што ги имавме на ЕП, Австрија и Чешка сега ни изгледаат како далеку најдобрата опција во утрешното извлекување. 
Нешто што порано беше фрустрирачки и незамисливо, Исланд да го посакаме за противник, сега од „втора“ и не изгледа толку лошо, дури ни реновираната Унгарија, па во тој контекст ниту Белорусија или сензацијата Португалија. 

Но, во првиот шешир се кријат и крајно опасни противници. Што да се каже за Шведска? За Германија или Франција? Или за противникот што според нас е најлошиот исход, а тоа е Словенија. 
 

POT 1:

(teams not directly qualified from EHF EURO 2020)
Slovenia
Germany
Portugal
Sweden
Austria
Hungary
Belarus
Iceland
Czech Republic
France

POT 2:

(teams not directly qualified from EHF EURO 2020)
North Macedonia
Switzerland
Netherlands
Montenegro
Ukraine
Serbia

(winners of qualification phase 2 part 1 matches on 15/16 and 18/19 April)
Turkey or Russia
Romania or Bosnia and Herzegovina
Poland or Lithuania
Israel or Latvia

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk