СУПЕР ЛИГА: Пролет супериорно до нови бодови

Т. ПРОЛЕТ - ВАРДАР (Ј)   37-21 (18-11)
Џонов 10, Поповски 7 - Јакимовски 6, Трпчевски 5


Екипата на Т. Пролет вечерва запиша нова првенствена победа, извојувана над помладиот тим на Вардар. Двата скопски ривали нема да видат ни корист и штета од овој меч, бодовно, затоа што ќе играат во различни лиги во продолжението на шампионатот. 
Но, по долгата пауза формата се темпира сега, а Пролет веќе во среда го чека престижниот дуел со ривалот Бутел Скопје.

Средбата беше израмнета резултатски во првата четвртина од мечот, Мартин Поповски, Иван Џонов и Петар Ангелов беа во главните улоги. По 8-6 за домашните, предноста нагло почна да се зголемува. 
Не беше пројдена ниту 20 минута, а веѓе беше 13-6 или серија од 5-0 за домашните со што резултатот беше прекршен. На полувреме беше 18-11 за Т. Пролет. 

Вардар минатото коло успеа да се врати од минус осум на полувреме, но овој пат приказната немаше среќен крај за нив. 
Младиот голман Кристијан Кристо кој во вториот дел влезе на местото на Ангелов, ги запре првите три шута кон својот гол и ги откажа гостите од бркање пресврт. 

Потоа разликата продолжи да расте, се сменија и поставите на теренот, а на 10 минути до крајот веќе беше големи 15 разлика (32-17). До крајот, двата тима си ги одработеа своите задачи, имаше убави потези, а конечниот резултат е 37-21. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk