ЛШ: Кој против кого на патот до Келн?

Заврши фазата од Лигата на шампионите во која екипите се натпреваруваа по групи со цел да обезбедат место и тоа што подобро пред стартот на елиминациите. 
Барса и Кил се привилегираните. Тие ги освоија првите места и додека другит ќе гинат во 1/8 финалните нокаут средби овие два тима ќе навиваат за послабите противници што можат да ги добијат. Порто и Алборг одат кон Кил, Монпеље и Флензбург одат кон Барса.

Вардар игра со ПИК Сегед, а ако пројде одново ќе игра со унгарски тим - Веспрем. Сепак, согласно ситуацијата во скопскиот клуб и резултатите десетина кола наназад, европската јавност е во право кога очекува унгарска пресметка во 1/4 финалето. Тоа, пак, би значело дека и еден унгарски тим би бил во Келн. 

На повидок е и реприза на ланската 1/4 финална сензација. Келце одново ќе оди на дуел со ПСЖ. Лани Полјаците ги оладија француските ѕвезди, дали и годинава Раул со наведната глава ќе си оди од „Легионово“?
ПСЖ прво ќе треба да го преживее пеколот во Букурешт, а потоа да размислува за Келце, додека Полјаците условно имаат полесна задача, играат со Целје. 



1/8 финале на ЛШ
(18-22.03 - 25-29.03)
Динамо (Б) - ПСЖ
Вардар - ПИК Сегед
Висла Плоцк - Веспрем
Целје - Келце
Порто - Алборг
Флезнбург - Монпеље
1/4 финале на ЛШ
Вардар - ПИК Сегед vs Висла Плоцк - Веспрем
Целје - Келце vs Динамо (Б) - ПСЖ
Порто - Алборг vs Кил
Флезнбург - Монпеље vs Барса

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk